ОДБРАНА НА ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ

“На испит” се стави макотрпно добиеното Зелено знаме, кое се вее на јарболот кај ОУ “Блаже Конески” за имплементирање на еко содржини во наставата. За задржување на престижниот симбол, решаваа претставничките од НВО “ОХО”, Бисера Чаловска и Зорица Велковска. Во евалуацијата учествуваа соработници од Центарот за јавно здравје, клубот Лајонс и од медиумите. Со прашања за соработниците и стручната служба, Велковска контролираше дали ОУ “Блаже Конески” ги следи плановите на активности.

Во меѓувреме, најактивните членки на еко одборот, осмоодделенките Александра Милеска и Натали Китаноска, на Велковска í ги покажаа сработените еко проекти во и надвор од училиштето.

Гостите од Скопје изразија задоволство и најавија дека ќе дадат виза и нареднава година да продолжи да се вее Зеленото знаме во дворот на ОУ “Блаже Конески”.  

Loading