АНГЛО – АМЕРИКАНСКИ ПРАЗНИЦИ ГИ ОСВОЈУВААТ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

Како бура, средношколците лиднаа по католичките англо-американски празници. Им се видоа поинтересни од православните, зашто се посодржински за возраста. Се прават срца за Св. Валентин, па има преправање и режење тикви за Денот на вештерките, дарување на Денот на благодарноста…

Годинава, американскиот празник, Ден на благодарноста, учениците од англиската секција при СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, го одбележуваат со дарување. За четири дена, англискиот клуб собрал донации од облека и играчки. Дарежливи биле и учениците и професорите, па се собрало доста, со што ја докажале уште еднаш хуманоста. Собраните донации – подароци, ќе им се дадат на децата со посебни потреби од Центарот за дневен престој за празникот Св. Никола на 19 декември. Економистите ќе се веселат и ќе празнуваат заедно со штитениците.

Предходно, англиската секција ја прослави ноќта на вештерките (Halloween) заедно со другарите од другите средни во клубот Лидо. Го славеле баш како во САД, преправени во варијации од страшни костими, од скелети до вампири. Низ многу забава и дружење, караоке, била избрана најдобрата маска. За добротворни цели, биле продадени околу 80 билети. Организација била на учениците со помош на волонтерот од Америка, Ерин Хулихан и професорката Фросина Николоска. 

Loading