ВТОРА ГОДИНА СО ACES

Претстои нов проект по успешниот “Младите во медиумите”, на кој лани учествуваше и СОУ “Ѓорче Петров”, заедно со средни училишта од Молдавија и Унгарија,. Насловен е “Јас и ти, поврзани со различностите”. Годинава, лидер на тројката средни училишта е нашето. Тоа е иницијатор и организатор на активностите во Прилеп. Партнери се романско и хрватско средно училиште.

Пред една недела, 13 ученици и пет професори од СОУ “Ѓорче Петров” го посетија романското партнерско училиште во Сату Маре. Љубезните домаќини одлично ги прифатиле три дена. Поделени во тимови, учениците со менторите имале работилници, каде, заедно со Романците, наоѓале патишта за изготвување мини проекти. Тимовите предлагале модели за надминување на проблемите со различностите во секојдневието,  но имало време за дружење и забава. Нашата училишна делегација ја примил и градоначалникот на Сату Маре и ги откривала облежјата на градот. Директорот Дејан Димоски рече дека и учениците и професорите на романска почва го оправдале насловот лидери, предничејќи во познавањето на англиски јазик и креативноста. Посетата ќе влијае во голема мера да се унапреди воспитно – образовниот процес преку размена на искуства со странските училишта.

Се очекува посета на третото партнерско училиште од Ѓаково, Хрватска. Потоа Хрватите ќе ја возвратат посетата.  

Loading