“КЕЦ НА ДЕСЕТКА” Е ГИМНАЗИСКИОТ ХОР

Во атрактивната претстава “Швејк во Втората светска војна”, која се изведува многупати, заради содржината и интересната изведба, учествува и хорот од СОУ “Мирче Ацев”. Околу 40 средношколци со упорни подготовки неколку седмици, дале сé од себе на “штиците што живот значат”. Без приговор, пробале и по десет часа дневно заедно со театарскиот ансамбл.

Актерите и режисерот бликаат од задоволство од гимназијалците, а вистинската награда дошла на крајот со бурниот аплауз. Хорот дошол како “кец на десетка”, давајќи дополнителна позитивна енергија и младешки елан. Претставата кулминирала во сцените со учество на гимназијалците. Хорот бил избран, зашто е прочуен по индивидуалните и групни гласовни способности. Сите ученици со насмевка го потврдуваат задоволството од постигнатиот успех и посакуваат повторно учество во претставата.

Loading