Јаболко

По повод месецот на книгата, на натпреварот организиран од градската библиотека, имаше повеќе наградени. Од VI одделение при ОУ “Климент Охридски” најдобра лична творба беше песната “Јаболко” од Анета Здравеска со менторот Јулијана Талеска.

 

 

 

 

 

 

Јаболко

 

Есен е… Ни доцна, ни рано.

Падна веќе и првата слана,

а сонцето веќе почна да го губи видот,

од тенките магли што ползат

кон полето зад ридот.

 

Во шумата ни песна ни свирка.

Само од презреаното јаболко

еден црв загрижено ѕирка.

Верверичката на гранка седи,

од есенските дарови зимница реди:

шишарки, желади, лешници шумски,

плодови зрели!

 

Црвот ја гледа и í вели:

– Вредна сосетке, нешто да те прашам:

Зимава колкава ќе биде судбината наша?

Сал од јаболко ѕирнав и ме обзеде студ,

ако продолжи вака ќе умрам како луд!

 

Верверичката му вели:

И да ти кажам црву,

можи ќе ме сфатиш криво.

Ти предвреме си го изел јаболкото диво!

Лекомислениот црв пораката ја сфатил,

па засрамен и лут во јаболкото се вратил.

Loading