ЕКОНОМИСТИТЕ – ГОСТИ ВО БУГАРИЈА

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” со 15 ученици од втора, трета и четврта година со професорките Фросина Николоска, Мери Најдоска и Весна Миланоска биле нагостени од Американскиот универзитет во Бугарија – Благоевград. Таа е единствена образовна институција на Балканот која нуди широки можности за студентите, зашто има  разгранета мрежа на соработка со најголемите светски корпорации во САД и Европа, меѓу кои и познатите Гугл и Епл. Нашите биле присутни на отворениот ден за посета на сите заинтересирани, кои сакаат во иднина да студираат таму.

Студентите им го презентирале на учениците универзитетот. Го разгледале студентскиот кампус, просториите, предавалните, библиотеката, која е една од најголемите на Балканот со речиси неограничен избор на книги. Учениците присуствувале на неколку предавања, кои се одвиваат на аглиски јазик. Добрите домаќини ги нагостиле во универзитетската менза. Го разгледале и панаѓурот на студентите со околу стотина клубови, меѓу кои, хип-хоп, тенис клуб, клуб за хуманитарни цели, клуб за локално радио и многу други. Посетата на универзитетот завршила со прошетка низ градот.

Loading