ТЕСТ ЗА МЛАДИ ПОЖАРНИКАРИ

Огнот е добар слуга, но лош господар. Доколку се изгуби контрола, треба да се знае и умее како да се зауздаат пламените јазици, а, пред сé, да се превенира нивната појава. Општинскиот противпожарен сојуз секоја година, па и оваа организираше квиз за проверка на знаењата од областа заштита од пожари. Со тоа на конкурентен начин, учениците од сите средни и основни училишта го прикажаа наученото.

Екипите на секое СОУ и ОУ беа составени од по четворица ученици и ментор, професор по техничко образование. Првпат натпреварот се одржа во реновираните простории на старото индустриско училиште каде сега е сместена противпожарната станица. Натпреварувачите беа поделени во две групи: Јуниори – за основци, и Кадети за средношколци. Кај јуниорите првото место го освоија учениците на ОУ “Климент Охридски” во состав: Искра Чупетреска, Искра Белческа, Марија Андоноска, Јоана  Велеска предводени од менторот Наташа Милеска Михајлоска. Второто место го освоија учениците на ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” во состав: Марина Талеска, Марија Цветаноска, Жанет Николоска, Тамара Абрашеска под менторство на наставничката Снежа Дрлеска, а трето место освоија учениците на ОУ “Блаже Конески” во состав Давид Лазароски, Андреа Илиоска, Елеонора Мојсоска и Антонио Николоски под менторство на Бранко Бабаноски.

Кај кадетите првото место го освоија учениците Петар Митрески, Бојана Тодороска, Теодора Тасеска, Елена Спиркоска под менторство на Гоце Ѓорѓиоски од СОУ “Мирче Ацев”. Втори беа учениците на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во состав: Симона Талеска, Игор Костадиноски, Ѓорѓи Сиракоски и Сара Димоска под менторство на професорот Тони Палачаров. Трето место освоија учениците на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” во состав Марија Мирческа, Симона Вишиноска, Андријана Ѓореска под менторство на професорот Тони Стевананџија.

За учениците кои освоија прво, второ и трето место во двете категории ОППС обезбеди награди, а за сите останати учесници благодарници.

Победниците во двете категории стекнаа право да учествуваат на Регионалниот ПП квиз натпревар, кој ќе се одржи следната недела во Прилеп.

Loading