СОБИРАЊЕ ШИШИЊА ВО ЕКОНОМСКО

Младинската организација при СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, спроведе еколошка акција за собирање на хартија и пластични шишиња за да влијаат на зголемување на еколошката свест кај учениците. Акцијата траеше две недели и беше спроведена под менторство на професорот Жарко Смоквоски. Учествуваа сите ученици, а за омасовување придонес дадоа и професорите. Еколошкиот потфат е еден од многуте активности на младинска организација, кои иницира реализација на многу проекти и активности со стремеж да станат најдобри во градот. Успешноста ги охрабри и во иднина членовите претедираат еколошки зафати  од градски карактер.

Loading