ВИНОЖИТО ОД РОЛЕТНИ …

Коте пром

Наместо некогашните пердиња, драперии, па и зелени текстилни заштитници од сонце, современите домови и деловни простории по европски терк, имаат најмодерни пластифицирани заштити не само за декорација, туку и за спречување на надворешните атмосферски влијанија. Токму изложбениот салон наречен Ролетар Игор во рамките на фирмата Коте Пром располага со различни производи за внатрешен и надворешен ентериер. Се нудат спектар надворешни пластични и алуминиумски ролетни. Од внатрешен тип, ги имаат сите видови венецијан ролетни, вариолајт завеси, а новитет им е зебра или роло завесите. Вршат уредување и на внатрешниот простор.

– Вариолајт завесите фактички се перде за внатрешна декорација. Поставени се по вертикала од таванот. Венецијанер завесите, познати како желозини, се поставуваат на дограмата хоризонтално и служат за заштита од светлина и слично како перде да не се гледа внатре. Зебра завесите, кои народот ги вика “ден и ноќ”, се намената за сончева заштита, надворешно влијание. Се отвора дел од платното што е проѕирно, а кога сакаме да бидеме затворени се затвора платното. Може да се стават на секој тип дограма, од најстара до најнова модифицирана – објаснува управителот Игор Котески. 

Разновидните ролетни и завеси се користат во домаќинствата и за деловни простории. Располагаат со голем избор на бои, по каталог. Очите се плакнат со над 60 нијанси и разни модели на платна. За одржување се лесни, потребно е да се исчистат со правосмукалка, а желозините може и да се мијат со вода. Муштериите доволно е да го рагледаат изложбениот салон наспроти џамијата, да изберат и екипата ролетари на место за два-три дена ги монтира завесите или ролетните. Коте пром всушност е фамилијарен бизнис на семејството Котески.

– Мајстор сум веќе седум години. Занаетот го наследив од татко ми Благоја, познат како Котето. Нудиме први сé што е новитет. Изработуваме и комарници за заштита од инсекти кои ги има во фиксен рам или како роло-подвижна изработка – вели Игор Котески.

Интересот е променлив. Има голема разлика од година во година. На моменти се мирувало, но имало и периоди кога не можеле да кренат глава за да одговорат на роковите. Планираат проширување на бизнисот, бидејќи е дејност со иднина.

ВАРИЈАЦИИ ВО ЦЕНИ

Цените се направени да бидат достапни за народот.

– Изработка на м2 на пластична ролетна е 800 денари со монтажа, алуминиумската е 100 евра од м2 со монтажа, венецијанерот е во зависност од дебелината – 700 ден/25мм и 800ден/16мм., а за вариолајт завесите има од 800 денари по м2 па нагоре во зависност од квалитетот на платното и дезените. Роло зебра завеса е 30 евра од м2 па нагоре, а внатрешните врати хармоники се 3500 денари од м2 со монтажа – вели Котески. 

Loading