УКА ОД ПРВА РАКА ВО “11 ОКТОМВРИ”

При изучувањето на Бизнис, учениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ги согледуваат сите предности и недостатоци на секој успешен бизнис. За пример, се анализираат различни компании од светскиот или нашиот пазар. Во рамките на програмата “Подготовка за вработување и работа” реално ги согледуваат и подобруваат личните карактеристики, афинитети и подготвеност за вработување.

Со таа замисла, учениците ја посетиле фабриката “11 Октомври -Еурокомпозит”, каде практично набљудувале како треба да функционира поголема фирма. Согледувањата на условите ќе ги искористат за подготовка за вработување. Разгледувајќи го работниот амбиент, заменик – директорот, Никола Лучески ја објаснил организацијата на фирмата, спецификите на некои од производите, материјалите и процесот на производство.

Посетата ја реализирале професорките Лепа Шарчевиќ и Јасминка Димовска.

Loading