ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

За месецот на книгата, во Библиотеката имаше натпревар за основците и средношколците за најдобри рецитатори, прозаисти и рецитатори. Поделени во возрасни категории, по тројца или четворица десетина ученици се закитија со награди.

За најдобра лична творба – песна до петто одделение, прва беше Стефанија Трајкоска од ОУ “Круме Волнароски”, второ место зеде Барбара Мицеска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” и третата награда и припадна на Христина Вескоска од ОУ “Гоце Делчев”. Најдобри прозаисти беа Кристина Тасеска од ОУ “Климент Охридски”, нејзиниот соученик Христијан Маркоски и Елена Димеска од ОУ “Кочо Рацин”.

Во категоријата од 6-то до 9-то одделение за лична творба – песна, на прво место беше Анета Здравеска од ОУ “Климент Охридски”, втора Љубица Аризанкоска од ОУ “Кочо Рацин” а третото место го делеа Антонио Бошковски од ОУ “Кочо Рацин” и Јана Луческа од ОУ “Блаже Конески”. Најдобри раскази во категоријава напишаа: Тамара Ангелеска од ОУ “Добре Јованоски”, Марија Каклеска од ОУ “Блаже Конески”, Евгенија Стојаноска од ОУ “Блаже Конески” и Димитар Шопески од ОУ “Кочо Рацин”.

Од средношколците најдобри песнописци беа Сара Стомнароска од СОУ “Ѓорче Петров”, гимназијалката Маја Атанасоска и Симона Михајловска од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Во возрасната категорија за средни училишта најдобри прозни творби имаа Симона Данеска од СОУ “Мирче Ацев”, соученичката Теодора Тасевска, Михаела Кузманоска од СОУ “Ѓорче Петров” и Деспина Јосифоска од СОУ “Мирче Ацев”.

Најдобри рецитатори до 5-то одделение беа, Марија Велкоска, Марко Јаков, Димитар Илиоски и Илина Стефаноска. Во категоријата до 9-то одделение се истакнаа Озген Сулејманоски, Елеонора Михаиловска и Јана Неделкоска. Од средните училишта први четворица беа, Андреј Богатиноски, Надица Корубиноска, Теодора  Трајческа и Мартина Зероска.

Во специјалната категорија, за најдобри млади библиотекари, награди освоија Елеонора Михаиловска, Стефани Мирческа и Ивона Јосифоска.

Како најредовен читател за 2013-та година од детското одделение, наградена беше Наташа Присаѓанец од ОУ “Кочо Рацин”, а од одделот за возрасни – гимназијалката Марија Гегоска.    

Loading