УКА ЗА ИДНИ ДОМАЌИНИ

Сред најголемиот метеж во пазарнот ден, кога секој се турка, се снаоѓа низ лавиринтот луѓе во зелениот пазар, имаше интересна случка. Во сета гунгула, оддалеку се гледаше мирна површина, на разбеснетото море човечки глави. Со морковчиња во рацете, група ученици водени од две наставнички, го минуваа дел од училишниот ден во разгледување на пазарот. Мирни како бубачки, ги прашуваа продавачите “што е ова, што е она”. Љубезните продавачи ем им одговараа, ем им даваа бесплатно од јаболката, морковите, кикиритките, бананите…

Уште се мали да прашуваат за цена, ама кога ќе пораснат, сигурно на пазар нема да одат како на екскурзија, туку со зумбул корпа или количка и список производи што треба да се купат и, се разбира, полно ќесе. Тогаш нема да има бесплатни примероци.

Loading