ПРВО ШКОЛО НА МТВ

Во програмската шема на националниот ТВ сервис, предвидено е во еден ден да се претстави по едно училиште од Македонија. Мразот го кршеше ОУ “Рампо Левката”.

Во живо, пред вклучени камери и рефлектори, 40 ученици поделени во две екипи со капитен, преку натпревар го претставиле ОУ “Рампо Левката”. “Црвената” и “Жолтата” екипа се бореле против тремата и со голем успех ја завршиле задачата. Капитенот на “Жолтите” ја објаснувал историјата и сегашноста на училиштето, а избраникот на “Црвените” ги кажал проектите во ОУ “Рампо Левката”. За 50 минути, двете екипи ги покажале знаењата во квиз, извеле драмататизација (“Жолтите” “озборувале” од проектот “Школите во музеите”, а “Црвените” се покажале со наградената точка за празникот Прочка). Во третата категорија – “скриен адут”, се покажале тајните асови од екипите, хармоникаш и пантомимичар. За одличниот настап на пантомимичарот Цвете Јанеска í била дадена шанса да учествува во Зимската рекреативна програма на МТВ. Пред крајот имало работилница, каде член на едната екипа со парче хартија низ ориенталната вештина – оригами, раскажувал приказна, а од другата екипа работеле на оригинална прочкарска маска – сурат. Одјавата била со песната на Ана Ѓорческа од фестивалот “Ѕвездички”.     

Loading