ЕКСПЕРТ ПРОТИВ ПЛАМЕНИ ЈАЗИЦИ

ОГНОПРЕВЕНТ ИНЖЕНЕРИНГ

Една од фирмите која ги снабдува стопанството и сопствениците на приватни објекти со противпожарни апарати и друга техника е скопската Огнопревент инженеринг со единица во Прилеп. Главна дејност е заштита од пожари. Според претставникот Зоран Иваноски, фирмата изработува проекти и елаборати, сервисира и продава противпожарна опрема, системи и опрема за заштита и спасување. Обучени се за одржување курсеви за противпожарна заштита. Фирмата обезбедува градинки, болници, училишта, бензински пумпи и други слични објекти.

– Секој објект, а и некои од возилата треба да имаа ПП апарат. Приватните возила немаат обврска, но е пожелно. Без апарат за гаснење оган не може да се возилата за превоз на патници, такси, минибуси, автобуси и товарните возила. Сите фирми, без разлика на големината, од мало продавниче до голем објект, треба да располагаат со ПП апарати, а големината зависи од намената и квадратурата – објаснува Иваноски.

Според законот, ПП апаратите треба да се сервисираат еднаш годишно, а оние за поризични објекти како бензински пумпи, автобуски станици, објекти со хемикалии и експлозиви, во зависност од тоа како се чуваат ПП апаратите, треба да се сервисираат двапати годишно.

Фирмата постои 20 години, а “Прилеп го штити од пожари” седум години.

Последниве години подобрена е безбедноста и расте свеста за заштита од пожари.

– Располагаме со сите потребни дозволи и лиценци. Препорачувам да се купуваат апарати од овластени фирми, а сервисот да е од стручна фирма. Работата не е филозофија, но потребно е знаење. Доста е одговорна обврска, иако ПП апаратот можеби никогаш не ќе се употреби. Но, треба да е исправен и еднаш да се искористи – порачува Иваноски.

Отстрана бил скептичен, но сфатил колку е сериозен ризикот од пожар.

– Апаратите треба да се сервисирани и подготвени. Радува што се менува менталитетот. Порано апаратот беше “луксуз”. Полека се открива користа. Опасноста демне и последиците може да се катастрофални по создадениот капитал. Апаратите се ефикасни во почетокот на пожарот. Ако нешто гори, може да се интервенира со исправен апарат. Апаратот гасни мал пожар. Ако немало, сигурно штетите би биле огромни, не само по добрата, туку и по луѓето. Ако огнот е поголем, нужна е интервенција на противпожарната единица – кажува Иваноски.

Куќните совети слабо применуваат противпожарни мерки, но бизнисмените ги штитат имотот, техниката, машините, објектите…

Фирмата е овластена за системи за заштита од пожар со сервисирње, инсталирање и одржување. Работат и на инсталирање на системи за автоматско гаснење на пожар, кој после детектирањето на чадот, се активира и со систем со вода го гаси пожарот. 

Loading