ПРОФЕСОРИ УЧАТ АНГЛИСКИ

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Американката Ерин Хулахен од Мировниот корпус, веќе втора година е член во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Задоволна е од ланската година, зашто успеала да организира полагање на светски признаениот тест за познавање англиски јазик ТОЕФЛ во Бугарија за два ученика. Годинава претендира да  го  зголеми бројот на кандидатите. паралелно организира забавите за Денот на благодарноста, католички Божик, Ноќта на вештерките и Св. Валентин. Во забавен стил образува 30 ученици од англиската секција.

Годинава Ерин им предава англиски и на професори. Шест педагози, по правни, економски науки, деловно работење и практична настава, се активни на часовите по англиски еднаш неделно. Не е строга професорка, но од нејзините студенти бара да ја завршат работата и да ја напишат домашната задача.

Ерин  води две групи, од кои едната совладува основен, а другата напреден англиски јазик.

Следната година на американската гостинска ќе í биде последна во земјава. До септември, кога заминува за родната Пенсилванија, ќе продолжи да ја доближува американската култура кај нашите ученици и професори.  

Loading