СО ВИДЕО СПОТ ПО ФУНТИ ОД КЕМБРИЏ

ОУ “Климент Охридски”

По повод 100 години од првото полагањето на тестови по англиски јазик од страна на Универзитетот Кембриџ, оваа образовна установа  распишала конкурс со десет теми, од кои ОУ “Климент Охридски” ја одбрал “Добредојдовте во нашиот роден град”.

– Очекуваме некоја привлечна награда. Првата награда е 3000 фунти во училишна опрема, две втори се од по 1000 фунти исто така во училишна опрема. Ако успееме да стигнеме до некоја, ќе го збогатиме училишниот инвентар и надгледните помагала. Учениците и менторите задолжени за изработка на проектот се кај градоначалникот кој ќе им даде информации што е потребно за поуспешно аплицирање на проектот – рече директорот Дарко Јовески.

Тимовите, составени од осмо и третоодделенци, треба да изготват проекти за подобро преставување на нашиот град пред светот и присутниот аудиториум. Ментори на ученичките тимови се Билјана Јованоска и Весна Јоноска, наставнички по англиски јазик, кои се и иницијатори на проектот, кој вклучува изработка на брошура во боја на англиски јазик и видео спот со информации за Прилеп. Од ОУ се надеваат дека со снимениот материјал, податоците со кои располагаат, и тие што дополнително ќе ги добијат во наредната седмица, ќе направат успешна  презентација на градот за секој да дознае уште повеќе за Прилеп, како урбан град со доста активности, манифестации, атракции, богата историја и многу споменици. 

Loading