ПТИЦИ НА ХАРТИЈА

Учениците од 4-5 одделение од ОУ “Добре Јованоски”, практично го искористија убавиот ден на отворањето на изложбата на украсни птици. Здружението “Трагопан” им посака добредојде за разгледавање на животните со различни пердуви, додека децата се воодушевуваа од птичјите бои. Шареноликите птици им беа инспирација да ја насликаат најубавата. Вредните раце направија многу цртежи кои ги изложија на ѕидовите каде беше поставката. Под водстсво на профероската по ликовно образование Верче Чакмакоска, мирно ги гледаа деталите на украсните животни и го зголемија знаењето за голем број “рајски” птици.  

Loading