НАШИ ДЕЦА СО ЧЕШКИ НАГРАДИ

Учениците од ОУ “Пере Тошев” од Десово, од ОУ “Круме Волнароски” од Тополчани и од ОУ “Кирил и Методиј” од Канатларци, освоиле 11 награди од 25 илјади цртежи од 68 земји од светот на меѓународната чешка изложба со натпреварувачки карактер, “Лидице”. ОУ “Кирил и Методиј” доби и златен медал за посветеност.     Наградите ги додели Мирослав Ромеш, амбасадорот на Република Чешка во Македонија. Дипломатскиот претставник ги дели признанијата лично во секој град од Македонија. Ги пофали и професорите, бодрејќи за понатамошни успеси. На добитниците им честиташе од градоначалникот Марјан Ристески. 

Манифестацијата од 1967 година се организира за потсетување на  убиените 80 деца од Германците во Втората светска војна во чешкото гратче Лидице.

Loading