ТРКА ЗА “ОЗБОРУВАЧИ”

ОУ “Блаже Конески”

После ланскиот успех на проектот “Училиштата во музеите или музеите во училиштата” изведуван меѓу Заводот и музеј и училиштата, годинава темата е “Традициско додворување, озборување и формирање на јавното мнение”.

Од ОУ “Блаже Конески”, околу десетина ученици ќе облечат носии од дедовци и баби, ќе се вратат еден век назад и ќе се обидат да направат атмосфера слична од народните приказни. Признаваат дека имаат трема, но со наставничките Виолета Христоска и Лидија Котеска се токмат да го доловат најпознатиот македонски обичај – озборувањето. Прво ги очекува натпревар во ЦК “Марко Цепенков”, каде “на суво” ќе ја прикажат точата, а, ако влезат во кругот од три најдобри училишта, ќе следи снимање на краток филм во некое од околните села.   

Loading