РЕКОНСТРУИРАНА САЛАТА ВО СОУ “МИРЧЕ АЦЕВ”

Во гимназијата е ставен акцент на градење и репарација на спортските објекти. Пред крај е градбата на тениското игралиште, а неодамна се реконструира спортската сала. Комплетно се реновира паркетот, се санира просторот и се бојадисаа ѕидовите. Салата блесна со  ново осветлување. Од гимназиската каса се одделени 120 илјади денари.

Во посета на реновираната сала беше градоначалникот Марјан Ристески, кој најави дека наскоро ќе се дотера околината во мултинаменското игралиште со терени за фудбал, кошарка, одбојка, терен со вештачка трева. Спортските објекти ќе овозможат гимназијалците да спортуваат и да се натпреваруват, полнејќи ги витрините со пехари за спортските успеси, паралелно со психофизичкиот развој.

Loading