МЕДИЦИНАРИТЕ ГИ ЗАБАВУВАА СТАРИТЕ

СОУ “Ѓорче Петров”

За светскиот ден на старите лица, учениците од здравствена струка од СОУ “Ѓорче Петров” ги посетија станарите на Домот за стари лица. На дедовците и бабите им одржаа предавање за опасностите од дијабетесот. Ги советуваа за начините за здрава диета, хигиена и превенција од компликации на болестите. Им ги измерија виталните здравствени знаци, при што медицинарите ги исслушаа старите за нивната состојба.

Младите приредија забава да им ја разбијат монотонијата на луѓето од третата доба. 

Loading