КОМПЈУТЕРСКИ БОИЦИ

ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”                         

На меѓународниот конкурс за компјутерски цртеж организиран од ОУ “Рајко Жинзифов” од Горно Оризари, Велес, учествуваа првоодделенците Мила Маркоска и Марко Ванчев од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Мила Маркоса од 1-3 одделение го освои третото место во категоријата од 5 до 8 години, а нејзиниот соученик Марко беше пофален за цртежот.

Учесниците на меѓународниот натпревар креираа на тема “Твориме заедно” демонстрирајќи ги компјутерските умештва преку програмите за цртање. Марко и Мила создадоа цретежи на тема “Мојот дом”, “Моето семејство” и “Желба”.

Loading