ИЗБРАН Е МЛАДИНСКИОТ ЛИДЕР

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” избран е нов претседател на локалната младинска организација. Најмногу гласови за водач на младите економисти добил Денис Димески од трета година. Новиот лидер располага со морална и техничка поддршка од менторот, професорот Жарко Смоквоски. Да не биде сé на грбот на Денис, младите средношколци ја избрале Ивана Ѓоргоска за подпретседател.

Претседателството со двегодишен мандат ќе подготви и ќе  остварува акциони планови. Ќе има претставувања на образовни семинари и организирање манифестации. 

Loading