ВЕЛОСИПЕДИ И РОЛЕРИ ПРОТИВ АВТОМОБИЛИ

Кривогаштани

Две групи деца со велосипеди и ролери од Кривогаштани и од селото Обршани возеа неколку километри да се сретнат во селото Крушеани во знак на одбележување на Денот без автомобили. Околу сто ученици и наставници од ОУ “Манчу Матак” од Кривогаштани и нивните врсници од ОУ “Јонче Смугрески” беа воодушевени од изненадувањето што им го приреди градоначалникот Тони Заткоски, кој ги почести со сок за афирмацијата на велосипедот и за редукцијата на автомобилите и загадувањето на човековата средина. Со насмевки на лицата, со зацрвенети образи и малку пот по лицата, децата силно ги вртеа педалите да испратат порака дека возењето велосипед е здравје и едновремено претставува заштита на животната средина од загадување.

Loading