НАШИ ДЕЦА НА “БРАЌА МАНАКИ”

ОУ “Кирил и Методиј”

Експертот за иновативната стоп моушн анимација, професорот по ликовно образование Дарко Талески од ОУ “Кирил и Методиј”, заедно со професорите Софија Грабулоска, Зорица Трајаноска, Драгица Здравеска и 15 ученици работеа во Битола.

На 34. издание на интернационалниот фестивал за филмска камера “Браќа Манаки”, била организирана детска креативна работилница за стоп моушн анимација со наслов “Децата во фокус”. Учесниците биле запознаени со основите на анимацијата и начините на изработка. Сите ученици сработиле две анимации со наслов: “I love Bitola” (Ја сакам Битола) и “Ana and Nikola”. Изработката била со смарт телефони, обезбедени од ВИП. Првата анимација се прикажала на затворањето на фестивалот. Децата го искористиле присуството во Битола за меѓусебно другарување, за снимање интервјуа, за изработка на сценарио и книга на снимање за анимација, се пишувал текст на англиски јазик за анимација и сл.

Професорите ги насочувале учениците од Мало Коњари, Ерековци, Канатларци и Битола. Тие лани победија на Европскиот и Светскиот Форум на иновативни наставници организиран од “Микрософт Партнери во учењето”. 

Loading