ФОТОГРАФИЈА СО ПРИКАЗНА

СОУ Мирче Ацев

Ученикот од трета година во Гимназијата, Ѓорѓи Десподов ја доби првата награда на Меѓународниот фото конкурс во Кикинда, Србија. На темата “Мојот град и околина”, со преку 400 учесници од целиот свет, секој натпреварувач можел да учествува со 4 дела. Жирито избрало пет најдобри од 700 професионални фотографии. Првото место на Ѓорѓи му го донесло фотографијата насловена “Звук зад врата”.

– Фотографијата е цела приказна. Изгледа како кадар од филм, кој ја собира суштината во еден миг. Старица седната пред порта, зад која се наѕира старец со гитара, кој ја потсетува на минатите времиња… Не се објаснува фотографијата, колку и зборови да се користат – вели Десподов, на кого оваа му е највисока награда.

Менторот, професорот по историја, Николче Богданоски, му давал поддршка со стручни совети за контраст, зум, симетрија и слично. Впечаток им е дека изложбата на фотографии од целиот свет, ја кренала Кикинда “на нозе”.  

Иницијатори на манифестацијата биле Центарот за стручно доусовршување од Кикинда и Швајцарската агенција за развој.

Loading