ДАРБА ЗА ФИЗИКА, КЛАВИР…

ОУ “Кочо Рацин”

Илија Тавчиоски го финишира од основното образование, а во седмо одделение лани освоил прво место на државниот натпревар по физика на ПМФ во Скопје. Во натпреварот со 70 врсници, петте задачи ги решил пред два часа со одличен резултат. Сто од сто можни поени влегле на контото на Илија, кои ги освоил без пот.

Илија вели дека за физика треба повеќе работа отколку дарба. Вежбал заедно со професорката по физика Валентина Деспотоска, која му била ментор.

На младиот Тавчиоски му оди и математиката. Учествувал на регионален натпревар неколкупати и на “Кенгур”, каде освоил пофалници и едно второ место. На државен натпревар по народна техника од областа роботика, создал и програмирал робот и го освоил второто место.

Интересно за Илија, кој покрај сите овие егзактни науки, наоѓа време за релаксирање преку нотите на клавирот. Го бидува да “шара” со прстите на црно-белите типки. Во август Иле со пиано изведба настапувал во Салцбург како член на Интернационалниот младински оркестар на Виенската Филхармонија составен од деца од Швајцарија, Америка, Германија, Австрија, Русија, Јапонија, Италија и Шпанија. Тие пред публиката се претставиле со дел од операта “Фалстаф” од Џузепе Верди. Пред настапот, Илија имал средба со македонскиот амбасадор во Австрија.

За средно не е сигурен дали да се запише на приватното “Јахја Кемал”, за каде има полна стипендија, но сигурен е дека во иднина се гледа како инженер.    

Loading