БИОРЕКЛАМ НОВА ПРОТИВ АРАМИИ

Веќе десет години постои фирмата на Кире Димески, Биореклам Нова. Последниве години се етаблира со инсталацијата на речиси совршени системи за безбедност на индустриски објекти, но и на имоти на индивидуални објекти, куќи, домови и станови. Фирмата е заштитник од арамии на печалбата од годините и наследството од генерациите, индустриските објекти, градени со кредити… Препознатлива е како спас од арамиите или фирма со системи кои ги откриваат разбојниците при нивниот обид. Во дел од професионалната определба е и информатичката технологија, односно компјутерите и нивното сервисирање. Како рецидив од почетокот се двете продавници за трговија на мало со прехранбени продукти.

Во зависност од големината на просторот и дејноста на објектот има различни ефикасни системи за обезбедување. Кај магацините на големо мора да има камери за залихата, одливот и изложбениот салон. Пожелен е и приклучок со систем за заштита од пожар. Може да се поврзат со сирени и телефонски со противпожарна станица или со агенција за обезбедување. Фирмата работи во целост, од производ до негова монтажа, инсталирање и одржување. Опремата се монтира еднаш, а трае засекогаш. Изгледа скапа, но вложените пари се враќаат многукратно, зашто се превенира крадењето.

– Граѓаните и претпријатијата се сé понебезбедни и пожелно е капиталот, создаван со години и кој претставува извор на егзистенција и големо вложување да биде обезбеден од ризици. Системите за алармирање и набљудување со камери располагаат со технички можности да го фатат арамијата на “дело”, односно да го спречат уште пред вратата, пред жицата, пред да ја скрши  бравата, да го пресече катанецот и да влезе во поход по плен во домот или фирмата. Системите се конструирани да се активираат алармните сигнални и други тревожни елемени на допир, притисок, промена на воздушните движења, отворање на прозорци и слично. Системите се речиси непробојни за арамиите односно се превенција. Спас се, ако некој се дрзне да буричка по туѓото. Сигурно ќе падне во стапица на системите – кажува Димески.

Инсталираат модерни системи за надзор со камери за спречување на обидите за кражба и да се ловат сопствените работници на кои им “фаќа раката” или пак имаат сомнително минато.

– Касиери, купувачи, работници и слично се цел на надзор на системите. Колку за илустрација, со поставување на две камери во една обична продавница за храна, прометот веднаш пораснал за две илјади денари дневно, бидејќи се контролираат и снимаат движењата и на касиерите и на муштериите. Системите ги одвраќаат некои намерници за кражба. Може да се “фати жив” секој обид за ограбување. Не влегуваат во “мрежата” само оние кои не помислуваат некаков арамиски акт. Цените се пристапни. Систем со две камери чини од седум до 13 илјади денари во зависност од квалитетот на камерите. Стандардно добар систем чини околу 10 илјади денари. Поквалитетни се жичените врски – објаснува младиот Димески.

Клиенти главно им се фирми, но соработуваат и со граѓани во земјава. Стручниот тим на инсталатери обезбедил хотели, винарии и други објекти. Услугите и техниката може да се платат одложено, на рати, без жиранти и административни забрани. Може да се плати и со кредитни картички.

Фирмата на Кире Димески инсталира системи со читачи на картички за влез и излез на работници, што е обрска за претпријатија со над 25 работници. Во бизнис доменот се и продажбата на компјутерите и сервисирањето.             

Loading