ИНФРАСТРУКТУРАТА ЈА ТОПИ НЕВРАБОТЕНОСТА

ИНФРАСТРУКТУРАТА ЈА ТОПИ НЕВРАБОТЕНОСТА

Ножици за првиот дел од градската авениска порта

– Реконструирани се 800 м. од влезот на градот со пешачки и велосипедски патеки, со средства од 500 илјади евра од Светската банка.

– Заради квалитетот и исполнителноста, Прилеп доби грант од 50 илјади евра

Прилеп доби влез на градот како што доликува. Реализирана е првата фаза од реконструкцијата на улицата Александар Македонски, од влезот на градот кај бензинската пумпа на Лукоил до бензинската на Макпетрол во должина од 800 м. Реконструкцијата, која опфати и уредување на пешачки и велосипедски патеки, зелен појас и осветлување, чинеше околу 500 илјади евра, обезбедени од Светската банка. Во тек е и втората фаза на реконструкцијата до крстосницата кај Солидност.

Според премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на свеченото пуштање на авенијата, по повод празникот 28-ми август, развојот на инфраструктурата има огромно влијание, не само на деловните можности, туку и на севкупната убавина на општината. Инвестициите во инфраструктурата се витални за намалување на невработеноста, зголемување на конкурентноста на домашните градежни фирми.

– Прилеп, заедно со Владата, континуирано разработува проекти за пристоен живот на секој граѓанин. Затоа се подобри безбедноста и комфорот на сообраќајот – рече Груевски.

Прилеп го заврши проектот навреме и по зацртаните параметри, со високо ниво на квалитет и доби право на грант од 50 000 евра за потребите на граѓаните.  

– На тендерот за втората делница, од Макпетрол до крстосницата кај Солидност, беше прифатена понудата и продолжуваме. Општина, со проектот, доби право на грант од 50 000 евра, кој може да го употреби во корист на потребите на граѓаните. За инвестицискиот зафат се ангажираа градоначалникот, министерството за транспорт и врски, вработените во општината кои се заложија во реализацијата на проектот за 10 месеци – рече Малгожата Маркиевич – Богов, претставник на Светската банка во Македонија. 

Сигурната и стабилна транспортна мрежа ја подобрува мобилноста на луѓето и стоките, ја надминува границата на локалните пазари и создава поголеми можности за регионален развој.

Продолжува реконструкцијата со втората фаза во должина од 1200 м. до крстосницата кај Солидност каде ќе се гради кружен тек.  

Loading