УКА ОД ПОВОЗРАСНИТЕ

Секоја недела група ученици од сите средни училишта се собираат во галеријата при ЦК Марко Цепенков да ги видат изложените слики и да напишат збор – два како коментар или видување на делото. Традицијата  поставена од уметникот Богдан Грабулоски – Боначот се негува повеќе од 30 години, а се менуваат само учениците. И ден – денес ја тераат истата практика. Ги гледаат сликите и подоцна на часовите по ликовно со измени во колоритот, техниката или промена на содржината, се трудат да ја доловат идејата на уметникот кој го насликал оригиналот. Не станува збор за плагијати, затоа што со цртежите само ги вежбаат техниките и учат да размислуваат со уметнички ум.  

Loading