ДЕТСКИОТ ХОР ЌЕ ПЕЕ НА ОТВОРЕНО

Концерт ќе има в сабота (19:30) на камената бина, детскиот хор “Мали Ангели”, кој полека се стреми да стане прилепски и македонски музички бренд. Ангелските гласови на дечињата од девет до 12 години, ќе изведат дела на домашни и странски автори и сплет на поп музика. Диригентската палка ќе биде кај професорката Славица Конеска – Темелкоска. 

Loading