ПЕТЛЕ – АУТ

ИНТЕРЕСНИ ФУДБАЛЕРЧИЊА

Имаше што да се види на Могила, на финалните натпревари од фудбалската Јуниор лига за преспанско – пелагонискиот регион. Даваат резултати систематските тренинзи, но децата учат и од ТВ. Не само дриблинзите и головите, интересно беше радувањето со слекување дрес, претрчувањето на тенките крај дебелките, изведувањето аут. “Петлињата” се напрегаа со сите сили, топката со двете раце од место, да ја уфрлат далеку в терен и во техниката речиси беа успешни како возрасните.

Играа на половина од големото игралиште, на потесни голови, по 30 минути полувреме.

Loading