ЧЕЛНИ ФИЗИЧАРИ

ВО ОУ “КОЧО РАЦИН”

Осмоодделенците Мартин Костоски и Јована Костоска со седмоодделенецот Илија Тавчиоски освоиле прво, второ и трето место на регионалниот натпревар по физика во Ресен. Јована била прва со 100 поени, Мартин втор, а Илија трет во жестоката конкуренција од над сто ученици од седмо и осмо одделение решените пет задачи им донеле виза за државниот натпревар во Скопје. А таму меѓу 170 ученици Илија избил прв со максимум поени, а трети места освоиле Мартин и Јована. И учениците и менторката Валентина Деспотоска, велат дека задачите не биле многу тешки, но за степен покомплицирани од оние во наставата. 

Loading