ТРИ НАГРАДИ ДОНЕСОА ОД СКОПЈЕ

Ученичката Ангела Јанкулоска од СОУ “Орде Чопела” го освои првото место во дисциплината тест по хемија на Седмата средба на училишта со хемиско-технолошка струка во Скопје. Од главниот град се вратија со награда за трето место Дејан Насески и Александра Тушеска, покажување високо ниво на знаења на квиз натпреварувањето.

Екипно, училиштето се нареди на втората позиција.

Учениците учествуваа и во дисциплините без натпреварувачки карактер, експерименти по хемија и рециклирање.

Loading