ПОЛНИ ВИТРИНИ СО НАГРАДИ

ВО ОУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ”

Учениците од ОУ “Блаже Конески” жнеат награди во различни дисциплини. Последните лаври доаѓаат од државниот натпревар по техничко образование. Прв е Давид Лазароски по автоматика, а Јана Мицеска го освои второто место во роботика. Повеќе ученици добија признанија и пофалници.

На натпреварот Мак балет од Штип со ментор Оливер Богојевски групите – Урбан грлс од 6 одд. како и најдобрите – модерната група Њу Генереишн од 8 одд. го освоија гран прито и ги однесоа двете први места.  

Учениците од 7 одд. ги засенија конкурентите, освојувајќи го првото места на натпреварите по македонски, математика и информатика, организирани од Првата приватна гимназија од Битола. Мандолинскиот оркестар се нареди на третото место на државниот натпревар во Велес. 

Loading