“ЊУТН” ОД ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Полуматурантката Матеја Илиеска од ОУ “Гоце Делчев” се качи на тронот на државниот натпревар по физика во Скопје меѓу 100 ривали. Упехот е и плод на квалитетните инструкции на наставничката Соња Димовска.

– Наставничката ме водеше на патот на успехот. Ветер во грбот ми даваше и директорот Трајче Каралиоски, многу вложував во подготовка и не може да не излезе на површина висок резултат- вели Матеја.

Осмоодделенката е носител и на други награди. Прва беше на регионалниот натпревар по астронаутика. Затоа е поканета да го продолжи школувањето на Јахија Кемал колеџот, со сто процентен попуст. Размислува. Изборот може да биде и нашата Гимназија. 

Loading