НАЈ ПЕТКА – [email protected]

ПОЧНУВА ИЗБОРОТ ЗА “НАЈ…”

Драги наши зенитпетковци! Во тек е изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и нај училиште за учебната 20012/13 година. Адресата [email protected] или на фејсбук страната на зенитпетка се отворени и ги чекаат Вашите предлози.

Кого ќе номинирате и како ќе се изборите вашето училиште годинава да го понесе епитетот “нај” зависи само од вас, но имајте во предвид дека најдобриот ученик од вашето училиште да биде токму оној кој е добар и вреден ученик, умее да почитува и да другарува и да бил спомнат на нашата страна – Петка.

Вашиот нај наставник нека биде оној кој умее да ве научи,  да ве сака, да ве слуша и секојпат помага токму кога ви треба, да ве подготвува за натпревари…

Најдоброто одделение нека биде одделението кое е пример за другарство, соработка и покажани резултати.

Од секое училиште ќе биде избран најученик и најнаставник, додека најодделение и најучилиште ќе биде прогласено само едно. 

Loading