РАСАДНИК НА ТАЛЕНТИ Е МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ

Жнеат награди музичките таленти од музичкото училиште. На четвртиот државен натпревар во Скопје за соло пеење Кристина Колевска се качи на тронот, Марија Јоневска, исто така, беше прва, а Емили Христоска беше втора. Кристина Трајкоска се закити со втора награда со менторката Леонарда Богданоска. Трубачот Илија Бозоски од професорот Ристо Мечески е прв, исто како и Теодор Мирчески од менторот по саксафон Борис Миленкоски. Втора награда доби кларинетистот Димитар Богески на менторот Марјан Бакрески. Хармоникашите со менторката Кети Милеска се вратија со неколку први и неколку втори награди. Првите награда отидоа во рацете на Стефан Трајковски, Софија Мирческа, Филип Петрески, а втори беа Виктор Кулески, Филип Шуплиноски, Димитар Радески и Александар Тасески.

Учениците ја потврдија дарбата за хармоника во Сараево на интернационалниот натпревар Акордион Арт. Во конкуренција на деца од повеќе европски земји, Стефан Трајковски, Софија Мирческа и Филип Петрески освоија три први награди. 

Loading