Екипата за прва помош на гимназијата “Мирче Ацев” по 18 пат се искачи на тронот на регионалниот натпревар по прва медицинска помош. Меѓу пет екипи од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, неприкосновени и доминираа гимназијалците Искра Шојлеска, Моника Андоноска, Михаела Кебакоска, Маја Ставаноска, Валерија Конеска и Петар Тодороски. Гимназијлаците, кои се и волонтерите на Црвениот крст, дале соодветен третман на импровизација на тројца повредени на работно место на градежно скеле. Повредите биле во цревата, тело во подлактица и клиничка смрт.
Во пионерска конкуренција се натпреварувале 12 екипи, а првото место го освои екипата на ОУ “Климент Охридски”.
Натпреварувањата ги поттикнуваат младите на хуманост и помагање на луѓето во неволја.