ЕКОНОМИСТИТЕ “ЗАЉУБЕНИ” ВО ВАЛЕНТИН

ЕКОНОМИСТИТЕ “ЗАЉУБЕНИ” ВО ВАЛЕНТИН

Оваа  година СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ќе се гордее со англиската секција. Учениците напорно создаваат празничен дух  и атмосфера на радост во училиштето. Членовите на англиската секција веќе ги прославија Ноќта на вештерките и Божик, а прославите ќе кулминираат на Денот на вљубените – Свети Валентин. Учениците го декорираат училиштето и подготвуваат продажен  штанд да се создаде клима на љубов во училиштето. Продажниот штанд е украсен во боите на вљубените – црвена и розева – и многу срца кои биле креативно направени од учениците. Имагинацијата им одела дотаму да користат различни ресурси за изработка на украси за училиштето, вклучувајќи ги и старите списанија, кои биле исечени во тридимензионални срца, украсна хартија  и разни дизајни за честитки со ткаенини. Учениците ќе демонстрираат и кулинарски вештини со подготовка на домашни колачи кои ќе бидат достапни  за купување од учениците и професорите. Фрази, како “И лове ѕоу” и други, веќе ги красат изработените картички, кои со многу љубов ги создавале учениците. Неколку од инвентивните креирале електронски карти, кои потоа ќе се закачат на неколку парчиња слатки за да бидат продадени во текот на неделата на вљубените. Цените на  бонбоните, колачите  и другите  предмети за продажба се разумни и сите приходи се наменети за добротворни цели. 

Loading