ИНТЕРАКТИВНА ТАБЛА ЗА МОТИВАЦИЈА

Новина во ОУ “Климент Охридски” е интерактивната табла, добиена на конкурсот распишан од Министерството за образование. Софистицираната табла само однадвор изгледа како класичните, а всушност е компјутер кој работи на допир, со вграден хардвер и можност да се поврзе со однапред подготвени програми на лаптоп. Така, градивото е готово и на часот наставникот објаснува, а учениците учествуваат со “поместување” на точните одговори на таблата.

Новото нагледно средство има доста предности, па може да се користи во повеќето предмети. Во краткиот период  се обучиле наставници по информатика и математика. Таблата предизвикала љубопитство и кај наставниците по другите предмети.

Учениците ќе можат да одговараат на таблата со свои презентации, оти е налик на мобилен телефон, па нема да им биде тешко, туку интересно кога ќе ги “скорнат” да одговараат на табла. Мотивираноста ќе се зголеми, а воедно ќе растат и оценките. 

Loading