Турбуленции во СДСМ

 

Координаторот за Прилеп на СДСМ генералниот секретар Андреј Петров при последниот престој во Прилеп бил непријатно изненаден од партиското разноумие околу кандидатурите за градоначалник за локалните избори в година. Според наши информации, на средбата со Петров разликите достигнале кулминација. Битка се водела мегу “старата прилепска гарда” на СДСМ во Советот на Паријата и дел од актуелното раководство, засилено со млади. Нетрпението меѓу двата табори било на работ на физички инцидент. Пресметките се должат на амбициите на искусните партиски волци да ги преземат конците во свои раце и да влијаат на изборот за кандидат за градоначалник и за советници. За среќа, недоразбирањата се смириле со компромисното решение аналитиката на партијата да ја доверат на партискиот секретар на поранешниот претседател на СДСМ Сашо Пирганоски, Сашо Дамески. Според изборот, не е тешко да се заклучи кој доминирал.

Силите се мереле и при обидот да се смени сегашниот прв човек на жените на СДСМ. Надвладеал разумот, покрај страничните ниски удари на состаноците во местните одбори. Така претседателот на жените Елена Ташкоска успеала да ги надмудри ривалките, иако зад нив стоеле моќни функционери на СДСМ.

СДСМ уште се дума кој да биде ривал на речиси утврдениот на ВМРО – ДПМНЕ, сегашниот градоначалник Марјан Ристески. Се прават проценки дали некој може да го победи, ако тој побара доверба за трет манадат и ако партијата му го верифукува тоа. Бизнисменот Хари Локвенец уште е на два ума. Тој е фаворит на некогашните функционери. Покрај охрабрувањата, се колеба дали може да се носи со популарноста на Ристески и кои адути би ги извадил да го порази. Последна шпекулација е дека и бизнисменот Борче Чупетрески не е човек за фрлање, доколку партијата би го кандидирала. Потајни желби за кандидатура за татко на градот има и актуелниот претседател, специјалистот Илија Јованоски. Иако демантира дека ништо не се знае, актуелниот координатор на советничката група на СДСМ Сашо Велески, не е исклучен од партиските проценки да биде конкурент на Ристески.

Како да е, опозициската СДСМ тешко се обединува околу единствениот кандидат.

Loading