Легализирани 800 дивоградби

Над 800 дивоградби се озаконети по завршувањето на пријавувањето на дивоградбите во септември лани. Локалните власти издаваат 200 решенија месечно за вклопување на дивите градби во планските проекции. Од локалната самоуправа велат дека се “припитомени” точно 817 дивоградби на куќи или деловни објекти. Темпото на легализација ќе се забрза. Прилепчани доставија 15 365 барања за легализација на дивоградбите.

Loading