ЦРВЕН ТЕПИХ ПАК ЗА ГРАЃАНИТЕ

Повеќе од 400 граѓани денеска ќе зачекорат на црвениот тепих и ќе ја посетат Општината на вториот “Отворениот ден за граѓаните”. Ученици, вработените, пензионери и сите кои се пријавиле на телефонскиот број 401-720 ќе се запознаат со Локалната самоуправа и градоначалникот. Преку посета на секторите и одделенијата ќе имаат можност да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата. Граѓаните при првата средба, покрај љубопитноста за изгледот на просториите, вработените ги прашувале за процедурите на носење одлуки од сите области. Некои изнесле и оценки за работата, а други ги пренесоа сугестии за идното работење на дел од секторите. На посетителите ќе им биде презентиран филм за досегашните реализирани и проектите во тек. На крај ќе имаат можност да се потпишат во книгата за впечатоци, а секој ќе добие промотивен материјал. Наредната недела е проектот “Ден на идеи” каде сите граѓани кои имаат своја идеа усно и писмено ќе ја презентираат пред градоначалникот Марјан Ристески и раководителите. Најдобрите идеи ќе бидат реализирани.

Loading