Господар на небото

ИНФОТУРС

Авионски билети за цел свет

Специјализирана туристичка агенција за авио билети е Инфотурс. И не од вчера. Уште од основањето во 1989 година како приватно предпријатие и со пререгистрацијата во 1993 година, сопственик е Зоран Трајкоски се наметна на туристичкиот пазар со своја специјалност – продажба на авио билети, иако и останатите туристички понуди не му се непознати, но му се попатна работа. Прилепчани се повеќе користат авиони за превоз. Патуваат за Германија и Швајцарија, Белгија и Италија. Последно време има миграција на младите во Австралија. Трендот е во нагорна линија. Затоа има случаи кога авионскиот билет е поефтин од автобускиот, или пак, во сезона, на празници, се бара место повеќе. Голем е бројот на луѓето од естрадата кои ги користат услугите од прилепскиот оператор, без разлика од кој дел од Македонија. По 11 септември 2001 година, со нападот на Њујорк, пораснаа осигурителните такси и цените на авио билетите. Сепак, авио превозот е најбезбеден, а Инфотурс продолжи да напредува во бизнисот со забрзано темпо. Но, како се создаваше и развиваше приказната наречена Инфотурс: Работев за сопствениците на туристичките агенции Бран и Мак агент. Од 1993 година ја отворив агенцијата. Името го одбрав да укажува дека станува збор за услуги и информации во туризмот. На почетокот се барав себеси. Некои велеа со автобускиот превоз, некои велеа со туристички аранжмани за одмори, а никој не сакаше да биде поврзан со авио превозот, со авио билетите. Почнаа да се создаваат компании за авиопревоз – Палер, МАТ, Авионинпекс. Се развиваше авиопревозот, оти дотогаш постоеа само ЈАТ и Адриа Ервејс – кажува Зоран. Сметал дека тоа е перспективно поле на пазарот. Комплетно се насочив на авио превоз, а не на туристичките аранжмани. Бевме пионери, а со време се бараше знаење и на англиски. Сопругата Ане се специјализира за авио билетите, а со инсталацијата и обуката за експлоатација на програмата “Амадеус”, која ја купивме, понудивме полесен пристап до авио билетите во секој миг, за секоја дестинација. Постепено станавме препознатлива куќа за авио карти за светот, како и денес – вели Трајкоски. Последниве години состојбата е изменета, во споредба со почетоците. Иксуството од поминатиот пат е добредојдено. Побрзо се фаќа чекор со конкурентите. Единствено професионално ориентираните агенции располагаат со системот “Амадеус”. Тоа е глобална интернационална програма на авио компании. За де се користи не е потребно само да се купи, туку се нужни и обуки, надградби, со кои се стекнуваат знаења за примена. Сопругата и вработената Александра располагаат со меѓународни сертификати IATA за резервации и продажба на авио билети. Во него се пропишани сите правила и не дозволува грешка, оти ако згрешиш, не можеш да се извадиш, бидејќи сé се бележи, кој во која смена бил и т.н. Покрај авио билетите, асистираме за визи, за Америка и Австралија Единствено чартер летовите не се вклучени во Амадеус – објаснува Трајкоски. За нискобуџетните летови Трајкоски вели дека се плаќаат преку кредитни картички. Никој не сервисира нискобуџетни летови. Само реклама е цената, на пример за Истанбул од 29 евра. Не е вклучен багажот и датумот за летот, а реалната цена достигнува до 80 – 100 евра.

Туристичко поле

Летување и зимување во домашни и меѓународни туристички центри, патувања во земјата и во странство, организација и учество на саеми во земјава и странство, резервации на хотелски соби низ светот, автобуски превоз, посредување при вадење визи.

Соработуваат со авио компаниите Adria Airways. Croatia Airlines, Swiss, JAT, Austrian Airlines, Malev, Turkish Airlines, Olympic Airlines i Aegean Airlines.

Loading