Уникатна облека кај креаторката Насеска

Оригиналните модели се дизјанираат во соработка со клиентите и приликите

Индивидуална оценка се вкусовите. За нив не се расправа, оти секој има различен. Ама секој не може да го искаже и да се изрази со сопствен вкус за модата и стилот. Или барем не можеше до неодамна. За промена на униформноста на стиловите “одговорна” е Стефани Насеска со модното ателје Бенедети. Со диплома од Академијата “Италијана” и со храброст потребна за разбивање на сомнежот за авангардата што ја подготвува, Стефани се труди секогаш и на секого да му понуди моден стил кој ќе му прилега на личноста и вкусот. Се стремам на промени на модниот тек во градов, да понудам “парче” што го нема на друго место. Изработувам облека која се разликуваат од останатите – вели Насеска, која во чаршијата го отворила ателјето заедно со Бојан Чунде, во септември лани. Интерес кон уметноста на креациите развила уште како гимназијалка, а во насока на дизајнерството ја поттурнала професорката по ликовно. Во Академија се запишала да го канализира талентот со помош на еминентни професори од земјава и од странство. Скопје не го видов, поради домашни задачи кои ги даваа строгите професори. Не беше лесно, ама со труд добивав знаење,  ми поттикнуваа инвентивност, заедно со добрите односи со колегите. Сите наши очи беа насочени кон модата и имагинацијата. Екстаза достигнав од средбата со Вивиен Вествуд – мојата омилена креаторка. Ја запознав на научна екскурзија во Милано, метрополата за модната индустрија – кажува Стефани, потсетувајќи се на праксата и теоријата за моделирање, модните додатоци, анализата на стилови и историјата на уметност. Првин била вработена во конфекцијата Васидора. Таму две години стекнала драгоцено искуство. Го испекла занаетот, ама фирмата не давала доволно слобода за изразување. Стефани, со поддршка од колегите направи чекор со отворање на сопствено студио за моделирање. Сега има потполна слобода на креаирање. Работи по нарачка со клиенти кои сакаат да бидат облечени по најновите трендови. Во модното студио доаѓаат луѓе со различни карактери, па мора да биде флексибилна да ги исполни желбите на клиентите и да се најдат на половина пат со идејата и потребата. Почетокот бил скептичен со неизвесностс и неверување за успех. Мразот го разбиле младите, за кои Насеска вели дека се поавангардни и похрабри да носат некој модел. Цените се приспособени за економските состојби овде. Идеално е клиентот да дојде барем еден месец пред настанот за кој се подготвува облеката, бидејќи потребно е да се нарачаат материјали од странство, да се направат најмалку две проби, од кои првата е поважна, зашто се откриваат недостатоците се регулираат мерките. Ама отежнува македонскиот менталитет со чекање на последната секунда. Процесот на изработка е договор со клиентот, изработка на скица, избор на материјали и боја, прва проба на полу – производот, кроење и шиење, втора проба со која се дефинираат финесите и после неколку дена финализација. Најголем број од клиентите не ја кријат среќата – раскажува за работното секојдневие, прилепската креаторка. Ателјето добива најсвежи информации од македонските портали со квалитетни објави за модата www.divianarts.com и од www.fashionodor.com Дизајнот на чевлите и модните додатоци на шоурумот се прилепски авторски дизајни.

Моден тренд и на отворањето на ателјето

Рализлично и нестандардно, туку и уникатно било отварањето на ателјето. Со моден перформанс со живи кукли и со DJ и присутво на 250 гости бил означен стартот. Пред Нова Година, во соработка со www.divianarts.com организирана била модна кампања “Јас сум Benedetti”, во која како награда се доделувало дизајнирано парче облека. Победничката посака да í се изработи фустан ,за кој се направи и мини фотосесија. Изненадуваме на Фејсбук од Showroom Benedetti, организирајќи кампањи и доделувајќи подароци – вели Насеска. Секој клиент и неговата порачка си се приказна за себе.

Loading