Германците не препорачуваат поефтина вода

Пониските цени можат да предизвикаат далекусежни последици

“Не би сакале да се намали цената на водата, затоа што ЈП “Водовод и канализација” (ВИК) мора да се самоодржува. Цените не се огромни, а тие кои бараат пад на цената, гледаат на куси патеки. ВИК има многу работа и за себе да не дојде до нарушување на самоодржливоста. Впрочем КФВ банката побара да се зголеми цената на водата пред реализацијата на инвестицијата пред многу години, а сега има барање за намалување на цената. Не е важна само изградбата на мрежа, туку и одржувањето”. Ова го изјави новиот проект менаџер на германската КФВ Банка за Македонија Роза Екле на средба со првиот човек на ВИК Сашо Николоски. Според неа важно е што сега ВИК е самоодржливо претпријатие.        – Барањето за намалување на цената на водата не ги зема во предвид долгорочните последици. КФВ Банката не препорачува промена на тарифниот систем, затоа што со тоа би се нарушила самоодржливоста на системот – изјави Екле. Таа изрази задоволство од спроведувањето и резултатите на проектот во Прилеп. Проектот во Прилеп важи за еден од најдобрите во соработката, оти дома треба да им објаснам на германските даночни обврзници дека финансиската донација од осум милиони евра од Германија е наменски искористена. Инвестицијата предизвика рентабилно и самостојно работење на ВИК на подолг период. Се спречи излевањето на вода од цевките. Загубите на вода и намалувањето на трошоците се главните карактеристики на доброто менаџирање во ВИК. Се постигна и ефектот за намалување на трошоците. Важен е и тарифниот систем за одржување на мрежата и водата да стигне до корисниците. Уште има за работа, но главниот проблем безмалку е решен. Инвестицијата рехабилитира 25 отсто од мрежата, а остатокот веќе самостојно го врши ВИК. Во наредните години загубите на вода ќе се намалат на пониско ниво со добро менаџирање – рече Екле. Таа потенцира што Прилеп успеа да го изменаџира првиот македонски проект за добивање на средства од ЕУ за пречистителната станица. Дури и покажа подготвеност за помош во нови проекти, доколку има интерес. Директорот на ВИК Сашо Николоски не откри детали за можни полиња на соработка со КФВ Банката.

Loading