Лански даноци и в година

Додека фирмите ги добиваат решенијата за фирмарина, првиот локален даночник Бошко Талески објаснува како се трошат парите на граѓаните и на фирмите, кои се основните извори за финансирање на градското уредување и инфраструктурата. Тој смета дека даночниот систем е реформиран и е во функција на остварување на потребите на граѓаните. Плодни се стремежите за поставување на модерна и ефикасна организација. И в година ќе продолжи тенденцијата на рекласирана даночна политика. Тоа значи дека нема да пораснат локалните даноци – данокот на имот, данокот на промет со недвижности и данокот на наследство и подарок и комуналните такси. Се очекува и идната година да биде стабилна да бидеме во можност да постигнеме добри фискални резултати. За тоа се направени солидни подготовки – вели Талески. Огромен даночен катастар се создаде со евидентирањето на бесправно изградените објекти кои бараат легализација за едно евро од метар квадратен. Тоа ќе ги открие скриените имоти. Во тој контекст е законската регулатива за транформација на државното во приватано земјиште. Податоците ќе послужат за зголемување на приливите во локалниот буџет, без да пораснат даночните стапки. Очекуваме солидна фискална година – прогнозира Талески. Тој информира дека граѓаните се дисциплинирани. Речиси 90 отсто ги платиле даноците. Остануваат уште околу десетина проценти до крајот на годината, кои поради навиките, ги оддолжуваат обврските на крајот од годината. Евидентна е висока граѓанската свест. Малкумина се обидуваат да направат даночни измами или затајувања. Се контролираат малку обврзници, а уште помалку се користи принудната наплата. Сé на сé, мала е даночната евазија и сивата економија – вели Талески. Тој најавува отворање на граѓански дневник за реално мерливо претставување на стандардите на услугите добиени од даночните обврници и даночните посредници.

Loading