СВЕЧЕНО ВРАЧЕНА СПОГОДБАТА ЗА СОРАБОТКАТА СО УКРАИНСКИОТ ИНСТИТУТ

На Економскиот факултет

Спогодбата за соработка помеѓу Економскиот факултет и Економскиот институт од Украина која неодамна беше потпишана при посетата на прилепската делегација на Украина, градоначалникот Марјан Ристески му ја додели на деканот на Економскиот факултет Ѓорѓи Манчески на свеченото доделување на дипломи на Економскиот факултет во Прилеп. Економскиот факултет од нашиот град потпиша договор за соработка со Економскиот институт од Украина. Соработката меѓу двата факултета ќе се состои од размена на студенти и програма за подобар развој. Оваа соработка ќе биде отворена, а е од голема важност и за двете образовни институции.

Loading