Нови вкусови на стоби флипс

Витаминка лансира три нови вкусови од брендот Стоби флипс. Палетата е збогатена со Стоби рингс во форма на прстени со вкус на кромид и павлака, и Стоби стикс стапчиња со вкус на хотдог и на кечап. Витаминка ја развива производствената палета со воведување линија снекови како надополнување на линијата солени производи, во кои влегуваат Стоби флипсовите. Еден од ретките производи со предзнакот македонски е брендот Стоби. Извезуван е и е баран на сите континенти во 25 земји. Тоа нé мотивира да вложуваме, да сме иновативни и да го развиваме. Пласирањето на трите нови производи значи не само зголемување на палетата, туку и потврда на квалитетот, препознаен од многу генерации – изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка. Стоби флипсот континуирано се произведува од 1978 година. Покрај основниот вкус Стоби флипс, има развиено уште и Стоби флипс со вкус на сирење и пица, а од благиот Чоко Стоби.

Loading